Тешки повреди на лице од Скопје додека извршувало работни обврски
Во раните утрински часови на 23.08.2025, 36-годишниот М.В. од Скопје беше донесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со тешки телесни повреди. Повредите ги добил додека вршел работни задачи на куќа сопственост на 51-годишниот Ц.С. од Скопје.
СВР Скопје изврши увид на местото на настанот, а случајот се документира за понатамошно постапување.