После две децении Македонија конечно ги има бројките од пописот на населениото. Резултатите од пописот 2021 година, кој заврши пред точно половина година, денеска се достапни за граѓаните.
За политичкиот аналтичар Исмет Рамадани тајмингот кога се објавуваат резултатите од пописот е вистински, затоа што токму во овој момент меѓуетничките односи во државава се доста добри и релаксирани. Смета дека нема да има поместувања во генералната политика без разлика каква ќе биде етничката статистика иако според Рамадани некои групации и политички партии ќе се обидат да создадат тензии.
Вели, општ консензус во државата е дека нашата опција е Евро-атлантска. Сите стремиме кон тоа да постигнеме резултати кои не ставаат во семејството на демократските и прогресивните држави во Европа и во Светот.

Лидер: Ваше мислење, дали статистиката по однос на етникумот може нешто да промени или ќе треба нешто да промени во политиката?

-Не. Мислам дека времето и тајмингот кога се објавуваат резултатите и во одднос на етничката припадност и другите резултати кои се многу важни за државата и се во согласност со тоа што го имаме како ситуација во државата каде што меѓуетничките односи се доста добри и релаксирани. Концептот ,,Едно општество за сите“ на еден начин го релативизра тоа што значи етничка припадност и ја релативизираше таа некоја беспотребна тензија. Затоа што дефинитивно е сфатено дека во Република Северна Македонија сите граѓани се рамноправни и по етничка припадност и по верска припадност, а во исто време сите се и одговорни кон институциите и кон законот. Сето тоа мислам дека не би требало да предизвика некоја тензична ситуација, односно некое незадоволство.

Бројките се тие што се, и тоа е нашата реалност и ние одиме понатаму. Најбитно е ние да бидеме лојални кон државата како етникуми, да дадеме се од себе државата да успее во демокартските и Евро-атлантските процеси. На крајот на краиштата, сега сме земја на НАТО, земја која претендира да биде членка на ЕУ. Етничката припадност не треба да претставува поделеност, туку напротив треба да продолжиме кохезивно кон нашите цели за да имаме што подобро општество, што поправедно општество. Тие се критерими на кои треба да се ангажираме. Да имаме држава достојна на Евро-атлантските стандарди.

Лидер: Не сметате дека ќе има некакви поместување на генералната политика?

-Не гледам потреба да се промени генарлно политиката. Мислам дека скоро општ консензус е во државата и меѓуетнички консензус дека нашата опција е Евро-атлантска. Сите стремиме кон тоа да постигнеме резултати кои не ставаат во семејството на демократските и прогресивните држави во Европа и во Светот.
Без разлика што има маргинални групации и политички партии кои ќе се обидат да создадат друго убедување, во целина мислам дека нема да има промени во однос на севкупните меѓуетнички односи.