Телефонски разговараа Путин и Ердоган за самитот и мировниот процес
Денес разговараа Путин и Ердоган во телефонски разговор, соопшти прес-службата на Кремљ. Разговорот опфати повеќе теми, меѓу кои и руско-американскиот самит одржан на 15 август во Алјаска.
Путин му ги пренесе на Ердоган впечатоците од состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп. Во тој контекст, двајцата претседатели разговараа за прашањето на решавање на украинскиот конфликт. Кремљ соопшти дека рускиот лидер му се заблагодарил на Ердоган за посредништвото во преговорите меѓу Москва и Киев одржани во Истанбул.
Освен за регионалните прашања, Путин и Ердоган разговарале и за актуелни теми од билатералната агенда. Посебен акцент бил ставен на продолжувањето на соработката во областа на трговијата и инвестициите.
„Беше договорено да се продолжат личните контакти,“ се наведува на официјалната веб-страница на Кремљ.
Од своја страна, Ердоган му рекол на Путин дека Турција ги поддржува напорите за воспоставување траен мир во Украина со учество на сите страни.
„Внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со процесот. Турција се залага за праведен мир уште од почетокот на војната,“ се наведува во соопштението на турското претседателство.