Големо мнозинство од заболените оздравеле, но дел од болните, а проценките на точниот број не се познати, имаат симптоми со недели, односно месеци, пренесува агенцијата Франс прес врз основа на податоците собрани од секојдневните извештаи на медицинските власти на одделните земји.
Само во неделата имало 7.993 нови смртни случаи и 601.284 потврден случај на зараза.
Земјите кои во неделата потврдија најмногу смртни случаи се Бразил со 1.803 умрени, Индија со 904 и Италија со 331.
Соединетите Американски Држави и понатаму го држат првото место по бројот на умрени: 562.066 смртни случаи на 31.197.872 заразени, според Џонс Хопкинс.
Индија вчера пријави рекордни 168.912 случаи на зараза со коронавирусот, што е најголемиот дневен број на заразени во светот, додека расте загриженоста околу понатамошното заразување на стотици илјади верници кои се упатени на ритуално капење во реката Ганг.
Според бројот на умрените Бразил е зад САД со 353.137 смртни случаи и 13.482.023 заразени, а следи Мексико со 209.338 мртви на 2.280.213 случаи.
Индија со речиси 170.000 умрени на 13.527.717 заразени е трета, а четврта е Британија со 127.087 умрени на 4.369.775 заразени.
Меѓу државите најтешко погодени е и Чешка со најголем број умрени во однос на големината на населението – 261 смртен случај на 100.000 жители.
Зад неа се Унгарија со 242 умрени на 100.000 жители, потоа БиХ со 222, Црна Гора со 2019 и Бугарија со 207 умрени на 100.000.
По континенти Европа има речиси милион мртви од почетокот на пандемијата, поточно 998.343 смртни случаи на 46.419.142 заразени до вчера на пладне.
На второ место е Јужна Америка со Карибите со 832.423 умрени, а следат САД и Канада со 585.379 умрени, Азија со 285.594 умрени, Блискиот Исток со 118.899 умрени, Африка со 115.712 и Океанија со 1.005 смртни случаи.