Деновиве актуелен е изборот на судии и јавни обвинители, но и изборот на Павлинка Црвенковска за прв човек на Судскиот совет на Република Македонија.

Фелата и социјалните мрежи вријат. Се поголем број на луѓе се незадоволни од назначувањето на партиските војници на СДСМ и власта во правосудните систематизации, а најбројните коментари се дека “Трас-трас” судството на Заев е пуштено на најјако.

Назначувањата на овие луѓе, кои имаат историја и партиско милје позади себе, на највисоките правосудни функции, само покажува дека правдата во Република Македонија уште долго нема да ја видиме, а владеењето на правото нема да се случи наскоро. Впрочем, на сите евидентни светски ранг листи се одразува овој факт.

Павлинка Црвенковска пред неколку дена беше назначена  за Претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Според експертите кои се борат токму за владеење на правото, овој потег не не води кон реформи на правосудниот систем, туку кон партизација на истиот. Имено, Павлинка Црвенковска е поранешен шеф на кабинет на поранешниот Премиер Владо Бучковски, кој сега е назначен за преговарач во спорот со соседна Република Бугарија.

Назначувањето на судиите и јавните обвинители исто така е тема на разговор низ судските кулоари, но и актуелна тема на дебата на социјалните мрежи.

Во прилог ви пренесуваме две објави од социјалната мрежа Твитер, кои ги издвојуваме како реакции на твитер заедницата. Тука, се поставува дилема во однос на назначувањето на една судијка, која пак ја поврзуваат твитерџиите со братот на судијката Димишкова, Васил Димишков. Инаку, токму тој Васил Димишков е познат по тоа што излезе аудио снимка во која барал 6 (шест) милиони евра рекет од бизнисмен.

Имено, назначената судијка Јасна Челикова, која е во своите 30ти години и назначена за судија, ја поврзуваат токму со Васил Димишков, кој е брат на судијката Димишкова. Оттаму се поставува прашањето – дали планот е да продолжи рекетот и нарачините пресуди, настрана од професионалноста?

Останува времето да покаже, но евидентно е дека до сега функционирањето на правосудните органи беше во насока на заштита на рекетот и криминалот.

Редакцијата на нашиот медиум се оградува и само пренесува написи од социјални мрежи кои ги коментира јавноста.

Оттука, јасно е зошто фелата, експертите и јавноста сметаат дека воопшто не е реформирано правосудството, туку реформите само го зајакнаа “трас-трас” судството на Зоран Заев.