Ројтерс пишува дека документот со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“ е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади и нивниот одговор во врска со барањата на Украина за воена помош. Се додава дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати воена помош или веќе ја доставила
Единствената земја во Европа која одби да воведе санцкии кон Русија поради нејзината инвазија на Украина – Србија, се согласила да испорача оружје во Киев или веќе го испорачала, објави Ројтерс, според еден од протечените доверливи документи на Пентагон.
Ројтерс пишува дека документот со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“ е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади и нивниот одговор во врска со барањата на Украина за воена помош.
„Табелата покажа дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати воена помош или веќе ја доставила. Исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност во иднина да ѝ обезбедува оружје на Украина“,
пишува Ројтерс.
Новинската агенција додава дека документот ја носи ознатака „Тајна“ и НОФОРН – ознака со која се забранува негова дистрибуција на странски разузнавачки служби и војски.
„Таа датира од 2 март и е означена со печат на канцеларијата на началникот на Здружениот Генералштаб на САД“,
се наведува во написот на агенцијата, додавајќи дека Ројтерс не можел независно да ја потврди автентичноста на документот.
Се додава дека ниту кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ ниту украинската амбасада ниту, пак, Пентагон засега не одговориле на прашањата на Ројтерс за документот поврзан со Србија.
„Ако овој документ е точен, тој или ја покажува дволичноста на Вучиќ во однос на Русија или тој е под огромен притисок од Вашингтон да испорача оружје на Украина“,
изјавил за Ројтерс Јануш Бугајски, источноевропски експерт од Фондацијата Џејмстаун, институт за надворешна политика.
Министерството за правда на Соединетите Американски Држави го истражува истекувањето на доверливите документи, додека Пентагон ја проценува штетата направена за националната безбедност на САД.
Од почетокот на војната во Украина, Србија се трудеше да одржи неутралност во однос на конфликтот и притоа да ги задржи добрите врски и со Русија и со Европската Унија.