Русија во август доброволно ќе го намали извозот на својата нафта за 500.000 барели дневно, изјави во понеделникот вицепремиерот Александр Новак, а Саудиска Арабија извести дека ќе го намали производството и во јули и во август за да ги стабилизира цените на меѓународните пазари.
Цената на руската сирова нафта од марката Ural во јуни во просек изнесувала 55,28 долари за барел, а е пониска од границата од 60 долари којашто со закани со санкции за земјите во светот ја одредија земјите од ткн колективен Запад под притисок на САД. Оваа цена во понеделникот ја објави руското министерство за финансии, и додава дека во истиот период минатата година барелот руска нерафинирана нафта изнесувала 87,25 долари, и секогаш е пониска за дестина отсто од цените кои ги достигнуваат другите марки на меѓународните пазари.
„Во рамките на настојувањата да се сочува рамнотежата на пазарот на нафта, Русија доброволно во август ќе го намали снабдувањето со нафта за 500.000 барели дневно со намалување на извозот во отој обем на глобалните пазари“, извести Новак.
Русија во март во договор со нафтениот картел предводен од Саудиска Арабија доброволно го намали производството за 500.000 барели дневни во однос на просекот во февруари, а одлуката дополнително ја продолжи до крајот на годината, што го сторија и бројни други големи светски производители.
Новата одлука на Москва се однесува на извозот, а не на производството.
Саудиска Арабија истовремено одлучи да ја продолжи одлуката за јулското намалување на производството за милиони барели дневно за еден месец, до крајот на август, објави во понеделникот државната новинска агенција SPA.
Така, саудиското производство на нафта ќе изнесува во јули и август девет милиони барели дневно.
Челникот на руската енергетска компанија „Роснефт“, Игор Сечин, изјави во јуни дека Русија е во загуба во однос на другите земји од групата големи независни производители кои ги предводи и од Организацијата на земјите извознички на нафта, позната како OPEC+, имајќи предвид дека извезува помал удел од произведената нафта. Оцени дека некои земји од OPEC+ извезуваат до 90 отсто од своето производство а Русија наводно само половината, меѓутоа аналитичарите сметаат дека станува збор за изговори со кои сојузниците во производството на нафта сакаат да ја одржуваат цената.
По денешните одлуки на двата водечки светски извозници, глобалното снабдување со нафта ќе биде намалено за вкупно 5,16 милиони барели дневно, имајќи предвид дека ќе се надоврзе важечкиот договор на OPEC+ за намалувањето на снабдувањето за 3,66 милиони барели дневно, пресметува Reuters.