САД воведуваат зголемени царини само за држави без договор

Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, денеска објави дека САД воведуваат зголемени царини, кои ќе стапат на сила на 1 август, пренесе агенцијата Бета.

Мерките првично беа објавени на почетокот на април. Нивната примена беше привремено суспендирана, бидејќи беа во тек преговори со засегнатите земји. Само оние држави кои ќе постигнат договор со САД во следните денови ќе бидат ослободени од новите царински давачки.

Според формулацијата што ја користи американската администрација, станува збор за „казнени тарифи за земјите што профитираат од трговијата со САД“.

Царините би можеле да достигнат 50% од вредноста на стоките

Како првичен термин за воведување на овие давачки се посочуваше 9 јули. Сепак, претседателот Доналд Трамп во петокот изјави дека новите тарифи ќе започнат да се применуваат од 1 август, без дополнителни детали.

Од Белата куќа најавија дека, во некои случаи, царините може да достигнат и до 50%  од вредноста на стоките и услугите што одредени земји ги извезуваат на американскиот пазар.

 

САД подготвени за нов бран царини – Трамп нема да ја продолжи 90-дневната суспензија