Судот во Париз денеска донесе пресуда со која поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден на пет години затвор, од кои три условно, поради неговата вмешаност во криминална организација поврзана со сомнителното либиско финансирање на претседателската кампања во 2007 година, јави телевизијата БФМ.

Францускиот медиум објави дека оваа пресуда значи и дека Саркози ќе биде затворен во наредните недели.

Тој беше прогласен за виновен за злосторничко здружување помеѓу 2005 и 2007 година, објави „Ле Фигаро“, но беше ослободен од обвиненијата за прикривање проневера на јавни средства и пасивна корупција.

Обвинителството претходно побара за него казна од седум години затвор.