Се враќаат старите цени на полисите за автоодговорност одлучи Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии. Го укина поскапувањето откако осигурителните друштва самоиницијативно ја зголемија цената на оваа услуга за 15,4 насто при регистрација на возила. Комисијата со став за да се врати стариот тарифник да се измени ценовната политика за премии за осигурување со кои трошоците за вршење дејност на осигурителните компании се ограничуваат на 15 до 30 отсто од техничката премија. Последниот збор го има Владата.

„Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30 отсто, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25-ти април 2024 година“, велат од Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност.

Поскапувањето мината недела беше околу 850 денари за возило од 44 до 55 киловати, а многу поголемо за возилата со поголема моќност.

Извор: МРТ