Според сознанијата на порталот 360 степени, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два час порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22:00 часот, тој ќе почнува од 20:00 часот и ќе трае до 5:00 часот изутрина.

Во текот на денов се очекува Владата да одржи седница и да ги формализира одлуките.

Ова, најверојатно, е причината и за одлагањето на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, која првично беше закажана за денеска во 11 часот.