Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, транспорт, врски и екологија и одбрана и безбедност додека членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе остварат средба со Лилиана Танги и Пјер-Анри Димон, пратеници од Комисијата за европски прашања на француското Собрание.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе се изјаснат за Предлог закон за доплнување на Законот за јавните патишта, по скратена постапка.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Прeдлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, по скратена постапка.