Ќулавкова вели дека ако нешто е заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата.

– Таквото присвојување е извор на негација на инхерентните и суверени права на Другиот, другото лице на хегемонизмот и шовинизмот. Таквата историска свест е заслепена, пристрасна, примитивна, фрустрирана, конфликтна и опасна, напиша таа на Фејсбук.

За академик Ќулавкова, „Македонија е бугарска” прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот, а Македонската држава и меѓународната заедница, посебно ЕУ, треба да го осудат овој освојувачки политички дискурс без одлагање.

– Сенките на Злото се надвиснале над Македонија, а таа молчи и трпи во име на апстракции, лажни ветувања и заблуди. Време на големи манипулации, време на нови трагедии. Споделените места на меморија се духовно и културно наследство на народите, а некои од нив и на човештвото. Ним им се туѓи сите ексклузивни толкувања и присвојувања. Не можете безграничното да го стрпате зад решетките на заробениот ум“, пишува академик Ќулавкова на Фејсбук.