Веста дека Албанија ги започнува преговорите за членство во Европската Унија одвоено од Македонија се коментира насекаде низ регионот. Додека албанските партии ја прославија веста, нашите политичари вршат меѓусебни преписки, во Бугарија се ситат на сметка на Македонија. Тензијата во Бугарија во однос на македонското прашање расте, а клучна улога овде има и цврстиот став покажан од македонскиот вицепремиер, Александар Николоски кој ги разбрани медиумите кај источниот сосед.
Тамошните политичари, почнувајќи од Бојко Борисов, преку Кирил Петков, па се до партијата на Слави Трифонов упатуваат критики на македонско конто. Најрадикални се од партијата „Има таков народ“ кои удираат по Македонија дека ќе останеме надвор од европската унија.
Бојко Борисов: Тие не се закануваат, навредуваат, а резултатот е дека Албанија оди напред
Прво се осврна лидерот на ГЕРБ-СДС, Бојко Борисов, кој во актуелниот парламент е и претседател на комисијата за надворешна политика. Борисов се закани дека ЕПП ќе биде информирана за позицијата на Скопје кон Софија. Пред новинарите во парламентот тој изјави дека „секој што ќе го наруши добриот тон кон Бугарија ќе трпи трајни последици.
Тие не се закануваат, навредуваат, а резултатот е дека Албанија оди напред. Го прифаќаат бугарското малцинство, а нашите колеги од Северна Македонија ќе го издржат тоа што го создадоа со своето однесување до денес“, рече Борисов.
„Северна Македонија да остане таму каде што е“
Според заменик-претседателот на ИТН, Тошко Јорданов најнормално е Северна Македонија да остане таму каде што е – надвор од Европската унија.
Северна Македонија нема да ги започне пристапните преговори ако не го промени своето однесување и ако го направи тоа. Не ги прифаќа Бугарите во својот устав и со тоа Северна Македонија не ги исполнува обврските што беа потпишани во преговарачката рамка, вели заменик-претседателот од партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“.
Додаваат дека пакетот на таканаречениот „француски предлог“ содржи документи и протоколи кои Северна Македонија мора да ги почитува за да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ. Меѓу барањата е и Скопје да го вклучи бугарското малцинство во својот устав.
Петков вниамтелен во изјавите кон Македонија
Според копретседателот на ПП-ДБ, Кирил Петков, токму поради францускиот предлог „целата ЕУ застана на страната на Бугарија за време на кабинетот „Петков“ во 2022 година, тогашните министри за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија Теодора Генчовска и Бујар Османи потпишаа во Софија билатерален протокол Овој документ беше услов Бугарија да дозволи почеток на преговорите за членство во ЕУ на нашиот југозападен сосед.
Дали Бугарија ќе излезе од политичката криза?
Во меѓувреме Бугарија е во политичка криза. Ја очекуваат избори следниот месец, а во предизборието Македонија е топ тема.