Шахпаска нагласила дека еднаквиот пристап до ресурси на мажите и жените и еднаквите шанси за напредок и рамноправност за сите претставуваат заедничка обврска и приоритет на Владата.

Целта на законот, како што посолила, е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет.

На состанокот, како што соопшти ресорното Министерство, се дискутирало и за повеќе прашања во однос на правилниците, кои, како што се посочува, ќе бидат подготвени откако законското решение ќе биде изгласано во Собранието, а станало збор и за улогата и организациската структура на Секретаријатот за родова еднаквост, инспекцискиот надзор и други прашања.

Од МТСП информираат дека побарале мислење од Венецијанската комисија за Предлог-законот со цел да биде изготвено квалитетно и целосно применливо решение кое ќе овозможи унапредување на еднаквоста на сите полиња.