Шахпасака посочи дека Република Македонија се приклучува на изјавата на Европската Унија која се однесува на статусот на жените дадена на почетокот од генералната дебата.
Таа потенцираше дека Владата на Република Македонија преку своите механизми во претходниот период постигна неколку значајни резултати во постигнувањето на родова еднаквост. Донесени се Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој е целосно усогласен со меѓународните стандарди и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, целосно усогласен со Истанбулската конвенција. Министерството за труд и социјална политика започна процес на изготвување на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година.
-Во наредниот период, фокусот на работата ќе се насочи кон подготовка на новиот Закон за родова еднаквост, со кој се очекува да се подобрат механизмите за родова еднаквост на национално и на локално ниво, како и формирање на Центар за обука на родово одговорно буџетирање, што ќе биде континуирано образование за целата родова машинерија во земјата, потенцираше министерката, соопшти МТСП.
Таа истакна дека Министерството ќе продолжи да работи на креирање политики и мерки за вработување кои ќе ја намалат неактивноста на жените на пазарот на трудот, политики кои го регулираат родителското отсуство, заштита на работното место, флексибилно работно време и работа со скратено работно време и работни места за мајки, како дел од измени и дополнувања на Законот за работни односи.
-Сакам да ја истакнам силната посветеност на Република Северна Македонија да продолжи со преземање сериозни чекори насочени кон унапредување на родовата еднаквост, а со тоа и кон приближување кон Европската Унија, како и постигнување на родова еднаквост како приоритет на Владата, порача министерката Шахпаска.