На официјалната страна на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Министерство за одбрана – сектор за логистика и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања.

Проценетата вредност без ДДВ изнесува 16.000.000,00 денари или близу 260.000 евра за 22 привремени вработувања.