Шпанската полиција соопшти дека во акција спроведена во јужниот дел на земјата се запленети седум тони хашиш на реморкер, каде биле скриени 200 пакети дрога.

Уапсени се тројца членови на банда, чие седиште се наоѓало во градот Уелви.

Шпанската, холандската и франциската полиција од март минатата година учествуваат во истрагата за бандата која шверцувала огромно количество хашиш во повеќе земји.

Тоа е една од најголемите операции оваа година против трговците со дрога, со која е намалена активноста на криминалните организации во Гибралтарскиот мореуз, наведува шпанската полиција.