Силјановска-Давкова истакна:

-Мене ме шокира и молкот на Претседателот на државата. Претседателот е прв во меѓународните односи, а не самокрунисаниот републиканскиот монарх – господинот Заев. Очигледно на нашиот сосед му одговара ваков профил на човек. Особено во еден деформиран премиерски систем. Како Бугарија дојде на оваа позиција? Таа дојде институционално во Парламентот, а не вон институционално. Не во неформални групи, не во неформално постапување, туку во Бугарскиот парламент

И според Копенхагеншките критериуми не постои вакво нешто како што и се случува на Македонија, рече таа.

-И прашањето е зошто европското семејство не препушти на милост и немилост на соседите. Но, не ме чуди ова што се случува, затоа што од Република Македонија што значи државата Македонија не географска Македонија и не историска и етнографска Македонија, туку државата Македонија, ќе се трансформирате во Република Македонија тогаш ќе станете географија. До вчера слушавме дека Македонија е грчка, а сега слушаме дека Македонија е бугарска. Шокирана сум. Реторика како од меѓу балканските војни. Срамно – децидна е таа.

Според неа, одговорот деновиве го даде германскиот претседател пред вратите на германско-рускиот музеј во Берлин, кога и упати остра критика на Украина.

-Токму е повика на вредностите, на антифашистичките вредности. Уште еднаш се извини како горд Германец за она што се случувало и рече дека тоа нема заборав. Нашиот сосед тоа не го сфаќа. Не е само нашиот сосед виновен, кај нас има елементи на идиократија. Е тогаш се е можно. Можно е да бидеме навредувани како нација, да се разговара за нашиот јазик идентитет и така натака – изјави Силјановска-Давкова.