Во наредниот период Државниот завод за статистика кој го спроведе пописот на населението во септември годинава, наскоро ќе излезе со привичните податоци за состојбата со населението, домаќинствата и становите. На пописот попишани се вкупно 1.832.696 граѓани, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.
-Сега следи фазата од пописот која што се работи во нашата институција, обработка на пописниот материјал. Знаете дека имавме два типа на попис – попис на терен и попис на дијаспората кој што се одвиваше по пат на самопопишување по пат на интернет конекција. Овие две бази требаше да се спојат, нив ги споивме и сега ги обработуваме податоците од аспект на утврдување на контингентите на население 0 на резидентно и на нерезединетно население, изјави за Утрински брифинг Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.
Според него базата на државјани на РСМ брои повеќе од 2.430.000 лица, а пописот опфативме околу 1.840.000.
-Тоа не значи дека податоците не се точни. Искрен да бидам не очекувавме дека ќе опфатиме повеќе, особено што имавме една голема антикампања, вели за УБ директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски кој најави дека објавувањето на податоците ќе биде сукцесивно, ќе следува изработка на табели и постои можност за пописен хаб каде корисниците ќе можат сами да си подготвуваат табели директно од базата и тоа е прилично сложена постапка која ја користи Евростат.
Според него вкупната бројка од над 1.800000 попишани граѓани покажува дека има зголемена миграција во изминатиот 20 годишен период, која влијае на другите фактори:
-Кога има иселување од државата двојно се губи, прво жива сила, заминуваат и не придонесуваат во развојот на државата, а второто е дека се губи и оној потенцијал за наталитет. Во најголем дел мигрантите се млади луѓе кои го носат со себе и природниот прираст и влијаат индиректно и на бројот на раѓањата, тоа влијае врз промените во старосната структура. Се прават дупки во таа демографска пирамида и таа денес повеќе личи на дрво отколку на пирамида бидејќи подножјето е многу помало и имаме првичен столб кој фактички треба да се полни да е многу мал. Тоа значи пореметување на соодносот со бројот на раѓања и умирања, тоа значи диспропорција во територијалниот распоред на населението, внатрешните миграции исто влијаат, помалку деца во образованието, поголемо внимание на пензиските фондови итн, рече Симовски.
Целиот разговор погледнете го во видеото: