На повидок СТРАШНА злоупотреба со непочитување на правото и законите на Министерот Спасовски
Барање да сопрете со штетата која ќе им ја нанесете на вработените во Полицијата ❗⛔

📎Од страна на Помошник на Министерот на Оддел за правни работи , судски постапки и управување со човечки ресурси до сите орг.единици е испратено известување во месец Април 2021 година заради започнување на постапка за носење на решенија за исплата на бонус плата за 2020 година.
Наведените законски основи согласно член 117 став 4 од Законот за работни односи (првите пет) од известувањето сметаме дека се согласно закон и тука нема спорно.🎯

Спорно е дека под алинеа 6 под отсуство на работник се смета: ⁉️
– Отсуство на работа поради користење на слободни денови по основ остварени повеќе работни часови од максимум предвидените прекувремени часови за еден работен месец“.

Како е возможно веќе изработени претходни часови подолги од полното работно време (прекувремени часови) да се сметаат за платено отсуство? Значи ли ова уште една злоупотреба и манипулација на Министерството за внатрешни работи и Министерот и притисок врз судиите?
Дали Вие господа од МВР знаете дека овие „вишок“ часови „од ракав“ слободните денови им ги фрлаат и даваат на работниците без притоа никој од нив да поднесе БАРАЊЕ❗ за слободен ден? Од кога барањето за смена на прекувремени часови во слободен ден СЕ СМЕТА ЗА ПЛАТЕНО ОТСУСТВО??? ЗОШТО ОВА ДОКОЛКУ Е ТАКА (а не е⛔) НЕ СТЕ ИМ ГО ОБЈАСНИЛЕ НА РАБОТНИЦИТЕ!???
Министре Спасовски, со ваквиот начин на работење ќе создадете СЕ САМО НЕ ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА која секој ден се повеќе и повеќе ЗА ЖАЛ ја нема🚫😡
„Создавањето на мотивирана полиција“е најверојатно само во Вашата глава и во главата на тие неколку советници околу Вас. Повеќе во МВР има се само нема задоволна или мотивирана полиција. Знаеме дека вистината боли ама од неа нема бегање.
Од тие причини Бараме ВЕДНАШ да го преправите ова незаконско известување и да дадете дополнителни насоки околу член 117 став 4 од ЗРО со бришење на алинеата 6 од известувањето. Во ниеден закон или пропис не стои дека „Отсуство на работа е поради користење на слободни денови по основ остварени повеќе работни часови од максимум предвидените прекувремени часови за еден работен месец“.

Со ваквиот чекор незадоволството кај вработените се повеќе и повеќе ќе расте.
Со ваквата “штетна реформа” најмногу се оштетени вработените во Одделот за специјални полициски операции (ЕСЗ, ЕБР и ПЕП)

Со ова Ваше незаконско работење само ќе ја зголемите штетата што Министерството за внатрешни работи секојдневно ја исплаќа на име штета со незаконското работење.

ДОСТА Е, ПРЕТЕРАВТЕ ‼️