-Конечно на целата територија на нашата општина отстранети се дефектите во електромрежата и струја добија сите селски населби, со што овој проблем е целосно надминат. Останува сè уште целосно да се реши проблемот со проодноста на патиштатата до осум ридско-планински села во општината во делот каде што пропадна тендерот да се избере компанија за зимско одржување на патиштата на јужната страна од општината, вели Дашмире Адеми од ПО на ДЗС Кичево.

Тој додаде дека од вчера се расчистени патиштата до селата Лавчани, Ехловец и Душогубица а сè уште останаа потешко проодни патиштата до селата Малкоец, Козичино. Патеец,Рабетино Дупјани, Кладник.

Наскоро се очекува да бидат расчистени и патиштата до овие селски населби и да се нормализира животот и во овој дел од општината.