Зимно време заладува а македонските туристи ги спремаат скиите, јакните и колите за “тези сезона” а оваа зима по се изгледа таму ќе осетат постудени температури и тенок мраз обаче.

Пишува Давид Салтамарски од Конзерватив.мк

Додека нашите скиори ќе одат на исток на запад ќе доаѓа делегација од бугарската влада за да види “какво става сос тези в’брос”, па така утре ќе биде интересен ден. На 18ти јануар е највена посета на бугарскиот премиер Петков, која би требало да одслика некоја си симболика по повод триесет годишното признавање на македонската независност од страна на источниот сосед. Во целата оваа историска папазјанија наметната од источниот сосед, владата пред секоја зимска и летна “испитна сесија” ги зголемува очекувањата, а потоа послем одлуката паѓаат како кула од карти.

Но ајде да видиме што во суштина би можеле да очекуваме. Бугарија беше во изминативе година и пол западна во константна политичка криза без стабилна влада со декларација на народното собрание со став према Македонија кој воопшто не дава позитивни сигнали. Со жестока реторика од поголемиот број на политички субјекти, кои во континуитет го разнебитуваат и онака бесмислениот процес, порано предводени од Каракачанов и неговата камарила а денеска воглавно од Трифунов. Бугарската позиција во текот на годините еволуира во неколку различни правци но како и да се свртиш, слонот во просторијата е историјата и тоа неможе да се прикрие со никакви еуфемизми. Сепак, најсимплифицирано почетните преговарачки позиции на Бугарија, дека од другата страна на границата наводно сите се пробудиле едно утро и се предомислиле дека веќе не се Бугари лека полека преминуваат во борба за права. Согледувањето дека потешко ќе може да се оправдаат тие позиции кај западните партнери за блокирање на преговорите, како и тоталниот “нонсенс комплекс” помалку го префрлуваа тежиштето на барањата. Секако, бугарскиот преговарачки тим ќе има доста голем маневарски простор со стратегијата за правата. Имајќи во предвид дека сеуште се чекаат резултатите од пописот, тоа би оставило простор да доколку сака бугарскиот тим игра на опцијата дека има 120 илјади државјанста, а во пописните резултати далеку помалку, па ќе го прогласи за фингиран и ќе продолжи да игра на тоа поле. Но сепак ова се само некои од очигледните сценарија кои што би требало да се очекуваат во следниот период. Од првата средба не би требало да се очекува многу а бугарската делегација ќе дојде со малку поразличен состав од претходно.

Петков во Скопје доаѓа во посета со шефицата на МНР и министерот за транспорт и врски а најавува дека фокусот на преговорите ќе биде инфраструктурно поврзување, формирање на комисии за бизнис заедниците како и да се допрецизираат точките на интерес. Но сепак на главата му виси и декларацијата која ја донесе тамошниот совет за безбедност предводен од претседателот Радев, за да му укаже на тоа колку е часот. Во декларација од седум точки фокусот е ставен дека владата ќе мора да се придржува до донесените позиции на декларацијата од седницата на 44 тото народно собрание, а тие пак според мене лично длабоко задираат во македонскиот јазик и идентитет. Конкретно само за јазикот во рамковната позиција на бугарската влада од 2019 година, стои дека “Ниту еден документ во процесот на пристапување не може да се смета како признание од бугарската страна за постоење на т.н “македонски јазик”, одвоен од бугарскиот.

Целиот овој процес е тешко бреме по македонскиот евроинтегративен пат а поготово имајќи ги во предвид внатрешните политички консталации. Нашето МНР предводено од “дипломатот на општа хирургија”, кој има длабоки познавања за историските прилики колку јас што течно зборувам свахили, и дисонантните тонови од доскорашниот вицепремиер укажуваат на тоа дека македонската страна баш и нема некои црвени линии. Целиот процес на назначување на новата влада со релативно сомнителен електорен кредибилитет е допилнителен отежнувачки фактор во преговорите кои и онака нема да бидат на рамна основа. Бугарската стратегија според Петков е јасна, ќе се чека прилика а давањето на рок од шест месеци е класична преговарачка стратегија во која што во последните петтнаесетина дена ќе играат “морковот и стапот”, па ќе се иде на земи или остави верзија. Истот овој пристап го користеше и грчкиот преговарачки тим па за помалку од две седмици дојдовме на “Северна” од “Илинденска”. Сепак стратегијата која ја застапува Радев во односот на времетраењето е разлилна и не врзува никакви рокови. Сепак, во идниот период не очекува долг и тежок процес за преговарање, а дали ќе успееме во тоа и дали ќе ги користиме сите средства во овој спор па и доколку е потребно и преку механизмите на НАТО, за кој треба консензуална одлука останува на македонскиот народ и неговата желба за битисување.