Вели дека доколку дојде до поскапување на електричната енергија, компаниите ќе бидат принудени да ги зголемуваат трошоците за продуктите. Побара да се субвенционираат компаниите кај чии производи ќе има замрзнување на цените. Хоџа најави дека наскоро ќе излезат со остра реакција против овие одлуки.

„Ние како Комора сме на став дека цените треба да бидат флексибилни, бидејќи и ние имаме разбирање кон граѓаните. Имајќи предвид дека економското прашање на држава има големо значење, но за нас важно е овие цени да бидат со соодветна мерка бидејќи се соочуваме со зголемување на трошоците за наши производи, што значи дека на некој начин сме принудени да ги менуваме цените во негативен аспект, односно да ги зголемуваме“, истакна Неби Хоџа.

Хоџа смета дека замрзнувањето и поскапувањето ќе резултира со намалување на производството и бројот на вработени.

„Секако дека е еден од главните чинители кои влијаат врз трошоците. Во случај ако компаниите немаат есап да произведуваат, тие сигурно ќе го намалат нивниот капацитет и што е најлошо можат да го намалат и бројот на вработени. Затоа треба да има консултации со бизнис секторот“, додава Неби Хоџа.

Но и покрај поплаките на СКСЗМ, првиот вицепремиер Артан Груби најави дека на седницата во вторник ќе додаде и други производи на листата продукти чии цени ќе бидат замрзнати. Но, мерката нема да трае повеќе од два месеца, додава тој.

„Замрзнувањето е привремена мерка од еден, максимум два месеца и не го доведува во прашање економскиот развој на компаниите, бидејќи ги гледате параметрите и располагањето на нашите компании“, вели Артан Груби.

Груби рече дека Владата донела одлука – поскапувањето на струјата да не биде повисоко од 10%. И министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера вети дека покачувањето ќе биде под 10%.