Клучна компонента на имунолошкиот систем позната како Т-клетка ефикасно се бори против најинфективните варијанти на ковид-19 и зголемениот ризик од реинфекција, покажала студијата на американски научници.
Неколку неодамнешни студии покажаа дека одредени варијанти на коронавирусот можат да бидат помоќни од заштитата на антителата и вакцините.
Антителата, кои блокираат корона вирусот да се поврзе со човековите клетки, се само еден дел од приказната, се вели во студијата спроведена во Националниот институт за алергија и заразни болести. Вториот дел од приказната е составен од Т-лимфоцити, наречени уште и „смртоносни Т-клетки“ затоа што ги отстрануваат заразените клетки и на тој начин, заедно со антителата, ги спречуваат најтешките форми на болеста.
Од примероци на крв се идентификувани специфични форми на Т-клетки (Т8 лимфоцит, – техничко име) кои се активни против вирусот. Потоа, тие проучувале дали ќе можат да ги препознаат трите главни (позаразни) варијанти на САРС-CoV-2, имено оние што се појавија во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.
Секоја од овие варијанти носи мутација во областа на протеинот „С“, односно „шилата“ на површината на вирусот што ги напаѓаат човечките клетки. Се покажа дека трите заразни варијанти се поопасни за антителата, зоштое е потешко да се препознаат. Во случај на корона вирус, антителата се врзуваат за „шилата“ со што спречуваат вирусот да ги зарази клетките, а Т (Т-клеточните) лимфоцити се одговорни за „убивање“ на веќе заразените клетки.
Резултатите покажуваат дека Т-клетките како одговор на ковид-19 кај лица заразени со првите варијанти на коронавирус можат целосно да ги препознаат главните нови варијанти од Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.