Од 22 часот вчеравечер со наизменично пропуштање на возилата се одвива сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаниште.

Сообраќајот на овој патен правец од 19:15 часот беше во прекин откако силно невреме го зафати Љубаниште што предизвика лизгањето на земјиштето кое на патот нанесе големи количини земја и камења.