Досега за издавање пасоши на барање од наши државјани кои живеат во странство мобилни екипи од МНР со опрема заминуваа во амбасадите, ги земаа податоците и вршеа фотографирања, потоа се враќаа во земјава каде во МВР ги обработуваа податоците, ги изработуваа пасошите, па повтопрно од МНР ги носеа обработените документи и ги издаваа на апликантите со што времето за издавање на патните документи беше во просек четири до шест месеци. За оваа цел четири пати во годината тимови на МНР патуваа во ДКП-та.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на промоцијата на новите базни станици по ДКП-а на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оцени дека тоа ќе претставува револуција во услугите што ги дава државата кон дијаспората, бидејќи граѓаните нема да мораат да доаѓаат во земјава еднаш во годината туку постојано, секој работен ден за тоа ќе можат да одат во ДКП-ата, а пасошите наместо за неколку месеци ќе ги добиваат за неколку недели.
– Веќе првата екипа од МНР тргна вчера за Германија, во моментот се инсталираат базни станици во Минхен, Бон и Берлин, а потоа и во Брисел. Втората екипа оди во Берн, Виена и Венеција. Третат екипа оди во Лондон, потоа ќе има мобилна станица во Стокхолм. Четвртиот тим ќе се упати во САД каде ќе инсталира базни станици во Њујорк и Чикаго, продолжувајчи го Канада, каде ќе биде инсталирана една мобилна станица во Торонто. Послендиот петиот тим ќе биде упатен во Австралија каде ќе биде инсталирана една Мобилна станица во Мелбурн. Од денеска почнуваме еден сериозен проект на кој навистина сум горд, рече Османи по повод почетокот на овој проект со кој што очекува со базни станици да бидат опремени сите наши ДКП-а.
Министерот за внатрешни работи Спасовски, истакна дека со проектот се излегува во пресрет на барањата на граѓаните на земјава кои живеат и работат надвор од државата, за кои еден од клучните проблеми беше дека се соочуваат со проблем за брзо и навремено издавање на патни исправи за каков било личен документ односно за брзо и ефикасно остварување на уставните права на граѓаните
– Сега прв пат се овозможува луѓето кои живеат и во државата и во дијаспората да имаат еднакви услови во издавањето на личните документи. Ние како министерства преземавме повеќе активности се со цел да се реализира целиот овој проект. Разговаравме пред средбата и догоовривме да продолжи овој проект за секое ДКП да има своја базна станица и практично да ги ставиме во еднаква, рамноправна положба секој еден наш државјанин кој живее каде било во светот да има еднаков пристап до остварувањето на своите права. И пандемијата со Ковид-19 ни покажа колку е важно и потребно да имаме еден ваков систем, бидејќи рестриктивните мерки кои се воведуваат секаде во државите низ светот, со цел да се спречи ширењето на пандемијата, во најголема мера влијаеја и во остравувањдто на ова право. Тоа беше и причината зошто го продолжвме рокот на патните исправи до 31 декември 2021 година, затоа што заради тие рестрикции не беа во можност службите да заминат, да ги однесат базните станици и да се направи производство на патните исправи, рече Спасовски.
Во однос на опфатот на граѓаните со овие базни станици и одредувањето на приоритетите за поставување на првите базни станици, Османи на новинарско прашање посочи дека дел проценката се темели на основа на податоците што ги има МНР преку ДКП-а, но, вели, им помогнала и тековната состојба со резултатите од пописот.
– Сега имаме пристап колку се регистрирани, попишани граѓани во Швајцарија, колку во Германија и тоа дава една индиција каде најмногу ни се граѓаните. Бидејќи ние немаме централна дата база, тоа е друг проект којшто веќе го започна Министерството, а тоа е да направиме централна наша база на наши граѓани во дијаспората со сите нивни податоци, меѓутоа одевме по принципот каде имаме најмногу граѓани. И затоа, во Германија почнавме со трите града каде што имаме ДКП-а, а тоа е Берлин, во Бон и во Минхен. Потоа во Берн, па одиме во Мелбурн, Торонто, каде имаме најголем број наши граѓани во дијаспората. Можеме да направиме една проценка колку е опфатот во бројки, меѓутоа таа нема да биде прецизна бидејќи државата нема најпрецизни бројки во однос на тоа колку граѓани има во секој град и во секоја држава, рече Османи.
Бенефитите од овој проект е што ќе донесе и заштеда на финансиски средства за трошоците на државата кои досега се правеа за оваа намена, за што МНР дополнително ќе излезе со проценка за точната бројка.