Нацрт законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки и противуставен. Не само што го ограничува учеството на синдикатите во носењето на одлуките на Владата, воедно, ја елиминира можноста за уредување на платите и надоместоците со колективните договори, реагираат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Бараат повлекување на нацрт верзијата и средба со предлагачот – Министерството за информатичко општество и администрација.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска на прес-конференција ги изнесе заклучоците на СОНК дека нацрт законот дека е спротивен на Уставот и ги загрозува работничките права.
-Утврдувањето на исплатата на дополнителната компонента на плата и надоместоци на плата ќе биде обезбедена и ќе се исплаќа доколку буџетот обезбеди средства, дали тоа значи дека ако ние работиме затоа што е предвидено со закон, во еден момент некој оцени дека во буџетот нема средства, претпоставувам тоа е министерот за финансии и министерот на ресорот, тогаш тоа ние што сме го работеле нема да се исплати?!.Дефинитивно, спротивно на уставните одредби. Платите и надоместоците на плати може да бидат ограничени и намалени под услови утврдени со овој закон, исто така, ако се направи проценка дека буџетот нема средства или дека приоритетите на државите се некои други дејности тогаш платите можат да бидат намалени, тоа значи дека тука работниците ќе немаат никакво влијание, синикатите ќе немаат никакво влијание, оцени претседателот на СОНК.
Според него, фактот дека методологијата за анализи на работните места се уредува со уредба на Влада повторно ги загрозува социјалниот дијалог и партнерството.
-Немаме никакви можности за правење корекции, никој нема ниту да не праша ниту да не консултира. Вредноста на бодот по предлог на Владата го утврдува Собранието, повторно немаме тука никакво влијание, колективните ќе немаат никаква важност, висината на платата ќе зависи и мора да биде во согласност со коефициент на максимален износ на плати, а врз основа на стратешки утврдени приоритети, еве можеби дејноста детска заштита нема да биде стратешки приоритет на државата и тоа значи дека според проценката на државата во оваа дејност воопшто нема да се зголеми платата, а може и ќе се намали, појасни Неделков.
Рече дека доколку предлог законот помине, во тој случај за одреден временски период би се изедначиле најниските плати со највисоките.
-Со оваа методологија со секое зголемување на минималната плата ќе се корегираат платите во јавниот сектор каде минималната плата ќе биде основица за пресметка на плата што е добро и на неа ќе се додадат бодови по работно место, или со други зборови тоа би значело дека линеарно би се зголемиле платите во јавниот сектор. Тоа значи дека од најниската работна позиција со најмлаку сложеност на работно место до највисоката позиција со најмногу сложеност ќе имаат лиенарно зголемување. Доколку овој закон помине тогаш за одреден временски период би се изедначиле платите на најниските работни места со највисоките според сложеност. Никаде во светот немаме линеарно зголемуваење од оваа причина, секогаш е процентуално, посочи тој.
Доколку не остварат средба со МИОА , како што рече, СОНК ќе преземе активности со цел да го изрази незадоволството.
-Ако без исклучок сите синдикати дадоа негативна реакција, тогаш мора да се смени нешто. Јас сум убеден дека до толку не заминала работата да еднострано централистички се делува со носење на предлог закони и тоа да поминува, тогаш тоа е многу лошо и за демократските односи во нашата држава, и сето тоа сигурно лошо и ќе го протолкува меѓународната заедница пред се, меѓутоа и нашите синикалнио пријатели каде ние членуваме, а тоа се европската и светската конфедерација, порача Неделков.