Во Бугарија нема свест за правата на малцинствата, а Македонците се обесхрабрени да се самоидентификуваат, стои во новиот извештај или 5то мислење на Соведотавниот комитет на Советот на Европа, за Бугарија.

„Додека Бугарија играше сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои им припаѓаат на бугарските малцинства во странство, вакви напори не биле забележани и во рамките на Бугарија. Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгорочни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни. Власите не гледаат објективни критериуми ниту за лицата кои се идентификуваат како Помаци односно етничките Македонци со исламска вероисповед кои во земјата и натаму се нарекуваат бугарски муслимани“, се наведува во извештајот.

Брисел потсетува и дека Европскиот суд за човекови права во 12 предмети против Бугарија утврдил непочитување на правото на слобода на собирање и здружување, поднесени од здруженијата на Македонците, кои властите упорно одбиваат да ги регистрираат.

Комитетот истакнува дека правата на малцинствата и нивната ефективна реализација мора да бидат приоритет за властие. Тие нагласуваат дека е важно да се следи практичен пристап кон Македонците и Помаците, со фокус на недискриминација и равноправен пристап до права.

Советодавниот комитет повикува властите да го поддржат учењето на малцинските јазици и да обезбедат континуитет на наставата од предучилишно до високо образование, особено во региони каде што живеат значителен број на членови на овие заедници.