Професорот и аналитичар Александар Спасеновски смета дека од 9 мај минатата година ја живееме последната фаза на односите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ кој е период на разрешница на македонското црковно прашање кое ќе резултира со добивање Томос за автокефалност.
Во емисита „Вин Вин“ на телевизија телма посочи дека односите меѓу МПЦ и СПЦ поминувале низ три фази која првата била фаза на некаков формален дијалог кој траел до 2002 година, па после до мај 2021 период на целосно несогласување.
-Односите помеѓу МПЦ и СПЦ во нашето најново минато, поминуваат низ три фази. Првата фаза е фаза на еден, би рекол, формален дијалог и една формална желба за укинување на несолгасувањата, кое трае од некаде 2002 година. Од 2002-2003 до 9 мај 2021 година е всушност периодот на отворена конфронтација. И од 9 мај до денс го живееме периодот на конечна разрешница на македонското црковно прашање, преку издавање на Томос за автокефалност од страна на Вселенската Патријаршија, рече Спасеновски.
Спасеновски смета дека Српската православна црква ќе го следи примерот на Вселенската патријаршија, која на 9 мај ја призна во каконско единство со православниот свет.
-Независно од тоа што се акцентира, фактот дека при носењето на конечната одлука нема да се води сметка за овие критериуми, повеќе од јасно е гледано од аспект на црковната политика, на светската, на меѓународната црковна политика, треба да си дадеме одговор на прашањето што друго како избор би имала Српската православна црква, освен доколку не се качи, популарно кажано, на возот кој што како во фигуративна смисла на зборот, започна да се движи после одлуката на Вселенската Патријаршија од 9 мај, со која Македонската православна црква беше признаена во каконско единство, рече Спасеновски.
Тој рече дека ако ги бараме причините за одлуката на Вселенската партијаршија, односно признавањето на каконското единство со МПЦ-ОА, тогаш треба да се навратиме на случувањата од пред неколку години со Православната црква на Украина, кога ос страна на Вселенската партијаршија и е доделен Томос за автокефалност и која се одвојува од Руската православна црква.
-Ако ги бараме почетоците кои што доведоа до тоа сега да го живееме третиот период, ние треба да се навратиме некаде во 2017-2018 година. Во континуитет Српската православна црква ги добиваше сигналите за можната разрешница на македонското црковно прашање на начин на кој што го видовме сега преку случајот со Православната црква во Украина, истакна Спасеновски.