-Навистина не се услови за кои што треба да говориме во 21 век. Имаме голем дел на нерешени предмети во однос на урбанизмот, во однос на легализацијата на објектите и сл. значи по моето доаѓање во општина започнавме со ажурно решавање на овие процеси, досега имаме решено над 100-150 предмети за легализација, кои што граѓаните долги години ја чекале. Започнавме и со постапки за решавање на оние горливи проблеми за обезбедување на вода за пиење во населените места, меѓутоа се надевам дека понатаму ќе имаме прашање што конкретно сме сработиле и што планираме во иднина па ќе можам подетално да ги образложам сите проекти, додаде тој.
Стефковски додаде дека за 50-тина дена како што е градоначалник е задоволен од работата која ја врши и во кое темпо тече реализирање на ветени проекти за подобрување на животот на граѓаните во Гази Баба.
-Заедно со службите во општината започнавме со реализација на голем број на проекти кои што ни беа ветени во предизборната кампања. Веднаш започнавме со една еколошка акција за чистење на општина Гази Баба, а тоа подразбира чистење сите улици, чистење на сите плоштади, паркови, и подигање на сите депонии кои што се наоѓаа на јавните површини. Досега можам да констатирам дека за 50-тина дена се расчистени 25 диви депонии кои што беа поставени на јавните површини. Меѓутоа за жал морам да констатирам дека на дел од местата каде што расчистувавме односно каде што ги подигавме дивите депонии повторно се појавија, и повторно се враќаме на истите локации. Во овој момент сакам да апелирам до граѓаните да се зголеми свеста бидејќи навистина доколку постојано вака постапуваме колку и службата да е ажурна и да функционира Гази Баба е голема територија секој пат можеби ќе имаме некое ќоше кај што ќе имаме дива депонија, настојуваме да функционираме на цела територија да не ги делиме на урбани и рурални делови населените места туку подеднакво да функционираме во сите населени места, рече Стефковски.
Стефковски посочи дека од аспект на инфраструктурни работи се започна со асфалтирање на улици во неколку населени места, како што е Трубарево каде што се асфалтираше улици во должина од 864 метри, во Булачани асфалтирани се 746 метри, во Хиподром, а паралелно согласно временски услови има тампонирање и на неколку улици во неколку населени места.