Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска на денешната седница за поставување на пратенички прашања, постави три прашања од кои едно до министерката за култура укажувајќи дека е настанат целосен хаос во делот на аплицирање за конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2023 година.
Првото прашање е до министерката за култура и претпоставувам дека знаете веќе за она кое што е многу актуелно деновиве, а тоа е конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2023 година, и јас и како секогаш ги говорам прашањата на граѓаните, а сигурно и вие следите дека има многу реакции по однос на начинот на аплицирање, за кое и вие самите го продолживте рокот за аплицирање кој е заклучно до утре. Министерке моето прашање е дали не можевте да најдете некое подобро решение за начинот на аплицирање бидејќи граѓаните имаат многу проблеми со пријавување, праша Стојкова Серафимовска и додаде:
Според оваа апликација која сте ја предложиле што ја давате како опција треба да се финансираат проекти кои што веќе се завршени во 2022 година, а не се проекти за 2023 година. Така да прашањето ми е како да аплицираат луѓето како да се снајдат во овој систем.
Второто прашање е исто така до вас и произлегува од барањето на министерството за финансии за вработување на 10 лица во Домот на културата „Кочо Рацин“. Настанат е еден лавиринт и тие самите знаат дека се под ингеренции на Град Скопје, но многу е интересно што дописот кој што вие го испраќате како министерство за култура на 17 мај 2022 година велите дека министерството за финансии не може позитивно да одговори на вашето прашање. Тоа е во мај, а нивното барање било на 14 февруари и еве 10 месеци скоро ќе поминат од тогаш а проблемот не е решен. Министерството за финансии вели дека вие треба да ја направите таа работа а истото го вели Град Скопје, а Домот на културата „Кочо Рацин“ е сведен на само тројца вработени, изјави таа.
Стојкова Серафимовска го праша Димитар Ковачевски колку институции до сега се префрлени од стари и нееколошки системи на греење на нови и посоодветни решенија, со оглед на тоа дека на официјалната страна на владата стои дека до 2024 година сите државни институции нема да се греат на стари и не еколошки системи за греење.
И третото прашање го упатувам до Ковачевски кое е прашање во областа на животната средина а произлезе од соработката со еко зелената група. Јас еве се обидувам да ги слушаме и да ги поставуваме нивните прашања и дилеми. Прашањето се донесува на состојбата со греењето на државните институции, на страната на Владата во областа животна средина имате наведено мерки односно стратешки цели како ќе се доближите до оние светски стандарди за екологија и меѓу другото имате напишано дека за исполнување на овие цели ќе се преземат чекори дека до 2024 година ниту една државна институција нема да се грее со стари и не еколошки системи за греење, сите јавни институции се мапирани и ќе се донесат одлуки за најсоодветни решенија и тоа поврзување на централно парно греење, поврзување на гас итн. Моето прашање е колку институции до сега се префрлени од стари и нееколошки системи на греење на нови и посоодветни решенија кои што вие ги наведувате на вашата страна на влада, го праша Стојкова Серафимовска.