– Никогаш нема да направиме отстапки за безбедноста на нашите сојузници или правото на секоја нација, вклучително и Украина, да одлучува за својата судбина. Украина е суверена држава и има право да се брани, како што дозволува Повелбата на ОН. Таа има право да бара помош и не гледам како тоа и се заканува на Русија, која е агресор во овој конфликт, оцени Столтенберг.
Според него, одлучноста на Алијансата да го поддржи Киев се должи на забележаната „големо трупање вени сили” на руска територија на границата со Украина. Столтенберг потсети дека во случај на агресија, Москва ќе се соочи со „економски и политички санкции”, а „воено тоа може да значи нова фаза на зајакнување на НАТО” во земјите најблиски до Русија „од Романија до балтичките земји”.
– Помина година и пол откако руските дипломати последен пат стапнаа на прагот на Советот Русија-НАТО. Идејата за нова конференција на која ќе се разговара за областите на влијание во кои големите сили можат да контролираат што можат и што не можат нивните соседи „ќе не однесе назад, а тоа воопшто не е вистинската насока, рече тој.
Истовремено, Столтенберг зборуваше за продолжување на дискусиите за изнаоѓање начини за градење доверба меѓу Русија и Алијансата. Тој, исто така, повика на „зголемување на транспарентноста на вежбите, намалување на ризиците и тензиите и се што може да ги подобри односите”. Тоа, рече Столтенберг, може да се спроведе, но „не на штета на основните принципи на НАТО”.