Наместо да ги користат службените возила за приватни цели и на тоа да се трошат огромни суми државни пари , власта да ги даде за да ја живне економијата . Владините функционери мора да почнат да штедат и да престаат да злоупотребуваат. Претседатерлот на стопанската комора Бранко Азески со остри критики кон Владата која вели мора да преземе одговорност . Азески од месечното обраќање на тема „Извоз, извоз, извоз“ порача дека Македонија цело време е во кампања и никој не се занимава со важните и реални проблеми , а лошите економски политики ја билдаат сивата економија.
Да се воведат посебни таблици за службените возила. Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај и не знам каде за недозволени активности. Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз. Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции кои во моментов се 1 320 институции со 129 000 врабтени, наместо политика да се направи економска дипломатија, порача Азески
Според него за да се стимулира . За да се стимулира извозот мора да се обезбедат буџетски пари и директно да се дистрибуираат до домашните компании , а не само да се чекаат донации и кредити од странски банки . Наместо домашна одговорност, секогаш кога ќе има некаков проблем некој од страна треба да дојде и да го реши
–Постои тешка фрустрација дека не сме способни сами да си ги решаваме прашањата, туку чекаме некој од надвор да дојде и да ни ги реши. Не можеме сами да поднесеме иницијатива. Досега има 74 иницијативи за регулирање на односите на Балканот, а ниту една не е наша. Државата се наоѓа во конфорна зона и ако им кажеш дека може да падне атомска бомба нема да ги погоди, додаде Азески.
Бизнисот реагира и дека немаме методологија која ќе го мери економскиот раст и се кажуваат нереални пресметки дека економијата расте позитивно . Просечниот раст на извозот е 1.7 проценти месечно , за да се крене стапката мора да се пробудат и корективите на власта, а државата да ги тргне рацете од приватниот сектор . Експертите реагираат дека кај нас најголемиот проблем е што повеќе увезуваме од што извезуваме, а расте трговскиот дефицит
-Причината е што во најголем дел од извозот е со мала додадена вреност. Трговскиот дефицит е главен фактор за бавната динамика на економијата.Треба да влијаеме на создавање на поголема додадена вредност за да имаме и поголем извоз, вели професор Дарко Лазаров.
Експертите реагираат и дека Македонија е земја која под концесија ги дала своите природни ресурси , и веќе не останало ништо што да се распроде .