Во зима, Скопје, главниот град на Македонија е еден од најзагадените градови. Според проценките на Студијата на Светска банка, над 1000 луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот во Македонија, а нејзиното население е само 2 милиони граѓани, пишува Euronews.com

Здравствената мрежа на Југоисточна Европа е регионална организација лоцирана во Скопје. Охрабрува здравје и благосостојба меѓу земјите-членки и работи активно во оваа област поради алармантната состојба. Мира Јовановски Дашиќ, директор на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа вели дека извештајот направен од експерти од нејзините земји-членки покажуваат дека било јасно дека штетата од загдувањето на воздухот врз здравјето е исклучително голема, а последиците може да се видат на срцеви заболувања, алергии и карциноми, пренесува Euronews.mk

 

Конверзијата на словото на законот во реалност е една од најголемите системски слабости на земјите во транзиција, како Македонија. Европската комисија ја забележува оваа слабост во сите свои извештаи за напредокот. Засега, граѓаните сè уште чекаат владата да ги спроведе препораките на ЕК кои најверојатно ќе им дадат на жителите во Скопје здив на свеж воздух.