Човекот кого го сметаат за „кум на вештачката интелигенција“, Џефри Хинтон, даде отказ од Гугл велејќи за Би-Би-Си дека последиците можат да бидат „прилично страшни“. Хинтон има 75 години и смета дека во моментов чет-ботовите не се поинтелигентни од нас, „но мислам дека наскоро можат да бидат“.
Според овој познат компјутерски научник и когнитивен психолог, чет-ботовите, како Чат ГПТ наскоро би го надминале нивото на информации кои ги поседува човечкиот мозок
– Во моментов, она што го гледаме е како ГПТ-4 веќе го надминува, го засенува обичниот човек во количината на општо знаење и тоа го надминува за многу. Во однос на расудувањето, чатот уште не е толку добар, но веќе може да прави едноставни расудувања.
– И со оглед на стапката на напредок, очекуваме работите да се подобруваат доста брзо. Затоа треба да се секираме за ова – додава тој.
Лоши луѓе ќе ја користат ВИ за лоши работи
Во написот на Њујорк Тајмс, д-р Хинтон се осврна на „лошите актери“ кои би се обиделе да користат вештачка интелигенција за „лоши работи“. На прашањето на Би-Би-Си да елаборира за ова, тој одговори дек „ова е само еден вид на најлошото сценарио, еден вид на кошмарно сценарио“.
– Можете да замислите, на пример, некој лош актер како (рускиот претседател) Путин реши да им даде на роботите способност да создаваат свои помали цели, подцели.
Научникот предупреди дека ова на крајот може да „создаде подцели од типот на „треба да добијам повеќе моќ
Ова е друга интелигенција, еден робот учи, 10.000 веќе знаат
Тој додава:
– Дојдов до заклучок дека видот на интелигенција што го развиваме е многу различен од интелигенцијата што ја имаме. Ние сме биолошки системи, а тоа се дигитални системи.
– И сите овие копии можат да учат одделно, но веднаш да го споделат своето знаење. Значи, како да имате 10.000 луѓе и секогаш кога едно лице ќе научи нешто, секој автоматски го дознава тоа. И на тој начин овие чет-ботови можат да знаат многу повеќе од која било личност.
Гугл беше многу одговорен
Тој нагласи дека не сака да го критикува Гугл и дека технолошкиот гигант бил „многу одговорен“.
– Всушност сакам да кажам некои добри работи за Гугл. И тие важат без разлика што бе работам за Гугл.
Одговорноста во пристапот неодамна ја потврди и главниот научник на Гугл, Џеф Дин. Тој изјави:
– Остануваме посветени на одговорен пристап кон вештачката интелигенција. Постојано учиме да ги разбираме ризиците кои се појавуваат, додека истовремено храбро ги правиме иновациите