Потенцираше дека треба да се спречи сивата економија и избегнувањето на плаќањето на данок и на непродуктивната владина потрошувачка на луксузирање.

Во однос на зголемувањето на даноците кој го најави владата, вели треба да се води сметка за најсиромашните граѓани.

– Евентуално ако има потребана зголемување на даноците, но веќе е најавено од страна на владата зголемување во 2023 на персоналниот данок на доход, Но, сметам дека таму треба да одиме со бчлага даноќна прогерсија. Прво треба владата да испита дали од 2023 кога тоа ќе го воведе, дали ќе воведе категорија која комлетно ќе биде опфатен од ослободување на данок на доход. Оние со најнизок приход, комлетно да бидат ослободени од тоа со нула даночна стапка, рече Фити.

Академик Фити истакна дека е важна втората маргинална даночна стапка која ја погодува средната класа, и да се види прагот на третата која ќе ги погоди најбогатите за кој се смета дека е фер да плаќаат повисок данок.