Кога талибанците повторно го зазедоа Авганистан минатата година, едно од нивните први ветувања беше дека ќе го решат проблемот со дрогата во земјата, без разлика што тие со години профитираа од истото од кое луѓето сега се зависни.
Шест месеци по преземањето на власта, талибанците некако го исполнуваат своето ветување: собираат илјадници наркомани бездомници и ги затвораат во болници кои потсетуваат на концентрациони логори, а каде треба да поминат три месеци додека се детоксицираат.
Фотографиите од една таква „болница“ во Кабул откриваат дека „затворениците“ живеат во ужасни услови: сместени по тројца во еден кревет со малку или без храна, принудени да јадат трева за да го намалат гладот, кружат гласини дека јадат и мачки, па дури и се принудени на канибализам за да преживеат, пренесува Daily Mail.
Убија човек и го запалија. Му ги извадија цревата и му ги изедоа, му раскажал еден од зависниците на данските новинари.
Друг затвореник, пак, рекол дека е вообичаено „пациентите“ да бидат без храна со денови, а луѓето да умрат од глад.
Луѓето вчера јадеа мачки во паркот. Еден му ја скина главата на една мачка и ја изеде, изјави тој за државниот јавен сервис.
Болницата во Кабул, која ја посети ДР, имаше кревети за 1.000 луѓе, но во неа беа сместени 3.000 „пациенти“, а талибанските чувари постојано носат уште луѓе кои се принудени да спијат тесни во тесни кревети (тројца на еден кревет).
Затворениците рекоа дека некои зависници биле егзекутирани пред да пристигнат во болницата, а еден тврди дека девет негови пријатели биле убиени во затвор пред другите да бидат затворени во клиниката.
Храната со месеци е оскудна и ја има сè помалку. Eден од затворениците кажал дека лекарите им давале по половина леб секој ден, но сега ниту тоа не го добиваат.
Оброците сега се толку оскудни, само на некои затвореници им е дозволено да јадат секој ден – тие се наредени во една соба пред да им се сервира мала чинија со ориз, раскажува тој.
Оние кои не можат да јадат, излегуваат надвор да џвакаат трева. Тоа ја елиминира болката од гладот, која понекогаш е толку силна што не можат да заспијат.
Лекарите кои ја водат институцијата сочувствуваат со нив, но малку можат да направат. Тие немаат земено плата веќе неколку месеци и немаат поим кога ќе им биде исплатено, што значи дека помагањето на пациентите од сопствените заштеди може да се покаже како бавна смртна казна за нивните семејства.
Соочен со докази за ужаси, портпаролот на Талибанците негираше дека нешто не е во ред.
Овие луѓе се болни и не знаат за што зборуваат, рече Хасибулах Ахмади, шеф на канцеларијата за борба против дрогата на Талибанците.