Арбен Таравари влегува во трката за избор на претседател на Република Македонија.

Тој информираше дека ги собрал потребните 10.000 потписи.

„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател!

Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас“ – напиша тој на својот Фејсбук профил.