Според Таравари, партиите кои се опозициски, особено оние кои се дел од „Европскиот фронт“, шестпати имаат изгласано таков закон.
-Не е моментот за тоа да се разговара, дециден е членот на ВЛЕН.
Предлог-законот, кој е блокиран во комисијата, наиде на силно противење кај албанските партии, кои нагласуваат дека решение за бранителите не може да има, а да нема решение и за поранешните војници на УЧК.
Предлог-законот предвидува еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во денарска противвредност ќе му се исплати на семејството на загинат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година.
Обид за создавање меѓуетнички тензии и нетрпеливост, а не вистинска помош за бранителите и нивните семејства. Вака премиерот Христијан Мицкоски гледа на потегот на социјалдемократите во Собранието да поднесат предлог-закон за бранителите.
Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче негира. Вели дека Законот за бранители има цел да одговори на реалните потреби на луѓето, а не да креира тензии. Филипче е подготвен, како што рече, да разговара за сите аспекти на предлог – решението и демантира дека пратеничката група на СДСМ излегла од салата кога се требало да се гласа дневниот ред.