Рашковски го следат неколку скандали изминатиот период како одење на одмор во сред пандемија и сомнителна набавка на софтвер.

– Доколку навистина овој етички кодекс не се однесува за господинот Рашковски затоа што тој е таму под неккаков договор мислам дека етичкиот кодекс треба да се корегира. Не може да не се однесува и за оние лица кои по било кој основ имаат работа и соработка со владата, кажа Тасева.

Тасева потенцираше дека кој етички кодекс треба да ги вклучува и засега сите лица кој по било кој основ ќе стапат во договорен однос со владата и дека владата треба да ги предупреди за сите правила кои се наведени во истиот.

– Тој етички кодекс треба да се однесува и на лица од надвор кога ќе стапат во било каков договорен однос со владата. Треба владата веднаш да ги предупреди за етичкиот кодекс за правилата за судир на интереси за правилата за непотизам за правилата за доверливост за се она што значи професионално однесување во рамки на таа институција или етичко однесување сметам дека ставот дека тој кодекс не се однесува на господинот Рашковски треба да се корегира и дека не е добар, заврши Тасева.