Меѓународниот монетарен фонд во својата последна прогноза наведе дека германската економија има негативен раст од 0,5%. Информациите кои доаѓаат од Германија се дека сѐ повеќе компании се затвораат поради проблеми со недостиг на суровини, но дека оптимизмот се враќа.
Ако се оствари најавениот пад на германската економија, проблеми ќе имаат и македонските компании кои соработуваат со германските компании, а тоа ќе се одрази и на трговската размена во која Германија е најголем партнер на земјава, велат економисти и бизнисмени.
Според нив, првите резултати се видливи со намалувањето на нарачките од германските компании и префрлањето на бизнисите во подрачја каде што добиваат пониски цени, како и намалување на камионскиот превоз, а ефекти подолг период се чувствуваат и во автомобилската индустрија.
вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој сепак не посочи дека ќе се преземаат некакви мерки за помош на компаниите.
Меѓународниот монетарен фонд во својата последна прогноза наведе дека германската економија има негативен раст од 0,5%. Информациите кои доаѓаат од Германија се дека сѐ повеќе компании се затвораат поради проблеми со недостиг на суровини, но дека се враќа оптимизмот. Последното истражување на минхенскиот ifo Институт покажува дека во септември, 24,0% од анкетираните компании пријавиле недостиг на материјал, што е намалување од 24,4% во август. Ситуацијата останува најпроблематична во автомобилската индустрија, каде нешто помалку од 53% од компаниите пријавиле тесни грла во снабдувањето со суровини и репроматеријали.
Експертите, сепак, предупредуваат дека рецесијата во Германија може да претставува „ризик за предвидување“. Ако не трае долго, нема да влијае на македонскиот извоз и германските директни странски инвестиции, но ако трае – сѐ е можно: извозот ќе се намали, а новите странски директни инвестиции ќе се одложат или воопшто нема да се реализираат.
Економистот Маријанчо Николов вели дека економијата на земјава има значителна, ако не и доминантна, трговска и финансиска изложеност кон Германија бидејќи таа е најголем трговски партнер на земјава со кој имаме суфицит.
– Да се надеваме дека мерките кои ги најави германската влада ќе имаат ефекти врз тамошната економија и ќе придонесат за постепено враќање на позитивен раст. Но ако оваа економија со која имаме суфицит во трговската размена забележи пад, и ние ќе имаме проблеми. Најмногу ќе страдаат компаниите кои се директно поврзани со лон производство, но ќе страда и трговската размена, а и платниот биланс. Затоа будно треба да се следи состојбата кај нашиот најголем трговски партнер и навреме да се преземат мерки за поддршка на компаниите за да не се доведеме во ситуација повторно да се оптовари социјалниот систем, вели Николов.
Тој смета дека владата треба добро да ја проанализира состојбата бидејќи трговската размена со Германија која е повеќе од 2 милијарди евра не е мала сума во однос на висината на Бруто домашниот производ кој се приближи на 14 милијарди евра.
– Владата треба да одлучи дали ѝ се важни компаниите и дали ќе реализира мерки кои ќе ги договори заедно со коморите, или ќе се одлучи да го оптовари социјалниот систем со отпуштени работници или технолошки вишок, додава тој.