Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп денеска остварија телефонски разговор посветен на состојбата на Блискиот Исток и конфликтот меѓу Иран и Израел, соопшти високиот советник за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
„Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин тукушто одржа уште еден телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп“, изјави Ушаков.
„Путин ја осуди воената операција на Израел против Иран и изрази сериозна загриженост од можната ескалација на конфликтот, која би имала непредвидливи последици за целиот регион на Блискиот Исток“, додаде тој.
Москва ќе продолжи преговори со Украина по 22 јуни
Путин го информирал Трамп и за телефонските разговори што ги имал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Во разговорот со Трамп, според Ушаков, била нагласена подготвеноста на Русија за евентуално посредништво во конфликтот меѓу Иран и Израел.
Исто така, Путин ја потврдил и подготвеноста на Москва да продолжи со преговорите со Украина по 22 јуни.
„Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украинците, како што е договорено, по 22 јуни. Доналд Трамп ја прими таа информација и го потврди интересот за ставање крај на руско-украинскиот конфликт во можно најкраток рок,“ наведе Ушаков.
Личните односи меѓу лидерите се оценети како корисни
Двајцата лидери, според Кремљ, изразиле задоволство од воспоставените лични односи, оценувајќи дека тие овозможуваат ефективна комуникација и можност за заедничко барање решенија за итните меѓународни прашања, без оглед на нивната сложеност.
Ова е петти телефонски разговор меѓу Путин и Трамп откако американскиот претседател се врати во Белата куќа. Последниот разговор се одржа на 4 јуни, а денешниот траел околу 50 минут