Салата ќе има 20 пункта за вакцинација, додека 1500 лица ќе се вакцинираат дневно. Вакцинацијата ќе ја изврши обучен персонал на медицински сестри во Здравствениот дом- Тетово.

Испитаниците велат дека ќе се пријават за да добијат една од вакцините против Ковид- 19.

„Ќе примам, мислам дека вакцината треба да се земе затоа што тоа е нешто што треба сите да го направат. Нормално, тоа е за нашето здравје и за здравјето на другите да не го пренесуваме на никој друг“.

 

„Tреба да ја примиме. Мислам дека секој треба да ја прими, сестра ми примаше, не се жали”, велат анкетираните граѓани.

Во моментов, во овие 20 пункта, жителите од Тетово и Гостивар ќе бидат вакцинирани, но не е исклучена можноста за додавање на градот Кичево.