Премиерот денеска ги посети гробиштата и запали свеќи за жртвите во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Кочани ги посети гробиштата и запали свеќи за жртвите на трагичниот пожар од 16 март, кој ја зави Македонија во црно. На гробовите на загинатите тој оддаде почит и воедно се сретна со дел од родителите на децата кои го загубија животот.

Тошо Антов, татко на едно од загинатите деца, преку социјалните мрежи ја истакна посетата на премиерот како достоинствена и човечка.

„Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сè човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно,“ напиша Антов.

Тивок и достоинствен чин: Мицкоски денес во Кочани запали свеќи за жртвите од пожарот