Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југоисточниот дел на Авганистан.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
На 31 август источен Авганистан беше погоден од земјотрес со интензитет од шест степени, при што загинаа повеќе под 2.200 луѓе, а повредени се 3.600 луѓе.
Земјотресите се честа појава во Авганистан, посебно во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча.