Дигитализацијата, со сите нејзини предности, секако го прави општеството многу поранливо. Се забележуваат различни примери и на глобално ниво и на ниво на Европа, но и на Балканот, хакерски напади, како и целосни блокади. Токму со дигитализацијата, транспарентноста и сите тие пристапи, одредени субјекти кои сакаат да ја нарушат безбедноста, можат многу лесно тоа да го направат, изјави во интервју за МИА претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност во Србија Драган Триван.

Според него, на патот на дигитализацијата и заштитата на тој протстор, треба да се најде некоја мерка, да не се избрзува и да се направи вистинска проценка кои податоци во моментов треба да се дигитализираат.

Триван во интервјуто нагласува дека информациско комуникациската технологија толку брзо напредува, поради што експерти за безедност често пати не можат да го фатат чекорот и се тркаат со новините.

Во изминатиот период многу чeсто кај нас има дојави за бомби преку електронски пат. Во училишта, трговски центри, па дури и на аеродром. Се уште не се пронајдени напаѓачите и тоа секојдневно претставува закана и го нарушува нормалното функционирање. Дали Србија има развиено механизми за заштита во тој поглед?

Станува збор за нови работи. Информациско комуникациската технологија толку брзо напредува што ние како експерти за безедност не можеме да ги доследиме сите тие трендови и не постои доволно пракса за да би можеле ние со сигурност да потврдиме дека сме безбедни. Тоа е најважното прашање. Сјајно е да се има напредок, да се забрзаат некои процеси но суштинско прашање е дали сме ние во сето тоа безбедни и што ќе се случи доколку дојде на пример до исчезнување на електричната енергија, што ќе се случи тогаш, а да не зборувам за кибер нападите, вели Триван.

Целото интервју на Миа.