Имено, новите рестриктивни мерки се објавени со фотографии на македонски и на албански јазик, каде што на македонски на фотографијата пишува дека сопствениците на домашни миленици може да ги прошетаат од 22 до 23 часот во радиус од 100 метри од местото на живеење, а пак на албански за оваа мерка пишува дека милениците може да се шетаат од 20 до 05 часот, исто така во радиус од 100 метри.

Претпоставуваме дека станува збор за нов гаф на владината пи-ар служба, кој предизвика потсмев на социјалните мрежи. Тешко е да се поверува дека третманот на кучињата за време на полицискиот час зависи од националноста на нивните газди.

Ваквата информација од страна на Владата може да предизвика проблем кај оние кои навистина ќе ги прочитаат овие мерки и за време на полицискиот час го шетаат својот миленик, а не е во времето определено според новите правила.