Времено суспендирани огласите за вработувања по етничка припадност
Одлуката на Уставниот суд доведе до времен прекин на сите огласи за вработувања по етничка припадност. Ова суспендирање ќе остане во сила додека не се донесе конечна одлука за уставноста на законите кои го регулираат изјаснувањето за етничка припадност при вработувањата. „Балансерот“, кој се користеше за правична застапеност, сега е предмет на правно преиспитување поради можни нееднаквости и злоупотреби.
Првпат судот го преиспитува балансерот – дебата меѓу судиите
За првпат, вработувањата по етничка припадност преку „балансерот“ се доведени под лупата на Уставниот суд. Според судијата Дарко Костадиновски, оваа мерка, која во минатото била оправдана, денес може да создава нееднаквости.
„Мерката што државата ја воведе пред 23 години за постигнување рамноправност на одредени заедници тогаш имаше смисла. Но, кога ќе ја изгуби својата цел, почнува да создава нееднаквост.“, истакна Костадиновски.
Ана Павловска Данева, друга судијка, нагласи дека „балансерот“ од 2016 година бил злоупотребуван за партизација и непотизам во јавниот сектор, доведувајќи до корупција.
„Од механизам за правична застапеност, балансерот од 2016 година се претвори во средство за партизација, непотизам и корупција во јавниот сектор.“ изјави Дарко Костадиновски, судија.
Етничките заедници предупредуваат за последици врз меѓуетничките односи
Судиите кои претставуваат етнички заедници во Уставниот суд се загрижени дека укинувањето на вработувањата по етничка припадност може да ги влоши меѓуетничките односи. Според судијата Осман Кадриу, злоупотребите на овој механизам не се причина за негово укинување, туку треба да се преземат мерки против оние кои лажно се изјаснувале за својата етничка припадност.
„Ако имало злоупотреби, институциите требале да покренат постапки за одговорност против лицата кои давале лажни изјави за својата етничка припадност.“, изјави Кадриу.
Конечна одлука за вработувањата по етничка припадност се очекува во наредните месеци
Уставниот суд ќе донесе конечна одлука за вработувањата по етничка припадност во наредните месеци. За да се донесе оваа одлука, судот ќе побара мислења од Собранието, Владата и надлежните министерства за законите кои го регулираат овој механизам. Додека не се донесе финална одлука, огласите за вакви вработувања остануваат суспендирани.