Уставен суд укина законска удредба и со тоа платите и на судиите и на другите функционери ќе се зголемат и до 78 %. Со одлуката за укинување на два члена од законот за плата и надоместоци, уставните судии, премиерот, претседателот, собранискиот спикер но и сите вршители на јавни функции добија можност да зимаат речиси и двојно повисока.

Синдикатот запрепастен и лут – додека најголем дел од работниците едвај врзуваат крај со крај, функционерите ќе добијат неверојани покачувања, анализира Алфа ТВ. 

„Коефицентот, односно основната плата, за пресметка на платите на функциоенрите ќе биде просечната плата во минатата година. Просечната бруто плата исплатена за 2022 година е 47.700 денари. Кога ќе се помножи со коефицентот од член 12 од истиот закон, а коефицентите почнуваат од 2.20 до 4.50, значи пресметано во денари или јас би рекол во евра, пратседателот, собранискиот спикер и премиерот ќе имаат плата од 2500 евра, министрите околу 1800 евра, другите фукнционери и судиите околу 1600 евра јас сега грубо пресметувам, а такво енормно покачување на платата никогаш сме немале во државата“, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Револтира фактот дека се заобиколуваат закони за зголемување на платите на вршителите на јавни функции, остро критикуваат од синдикатот. Прашуваат и дали Владата знаела за ова и молчела додека уставните судии ги укинувале одредбите.

„Јас искрено не знам, дали тоа е намерно направено или власта, извршната власт, владата позади нас знаела или тоа е некое масло. Бидејќи вака делува дека се заобиколуваат сите законски процедури за да изменат односно укинат одредени законски одредби. Уставниот суд ги укинува баш оние законски одредби кои беа донесени во 2009/2010 година со кои се ограничуваа платите на функционерите. Бидејќи се укинати тие одредби од членот 11 од законот за плати и надоместоци на јавни функционери“ вели Трпе Деаноски од УПОЗ.

Во обрзложението на одлуката која ја донел Уставниот суд на 21-ви март, по претставка поднесена од адвокат, се вели дека со укинување на одредбиде се отстранува неконзистентост во законите зашто имало двојни одреби кои уредувале исто прашање. Од Уставниот суд за Алфа велат дека тие не одлучуваат за висината на платата, туку само за законското уредување на оваа материја.

„Уставниот суд не е орган кој одлучува за зголемување или намалување на плата, или одредување проценти и пресметки туку единствено оценува уставност на оспорени одредби, па согласно ова погрешно е и неосновано тврдењето дека со своја одлука Судот зголемил или намалил плати на именуваните и избраните лица, за што неспорно е надлежно Собранието преку донесување закон, каков што е впрочем законот во кој беа содржани укинатите одредби“ велат од Уставниот суд.

Дека платата треба да се пресметува врз основа на просечната плата за минатата година потврдил и државниот ревизор, односно да има само една одредба или правило.

Во Законот за плата и надоместоци на функционери, месечните примања се пресметуваат така што просечната плата се множи со коефициенти кои се движат 2,20 до 4,50.

Просечната нето плата за минатата година е околу 32 илјади денари и кога ќе се помножи по коефицентот, претседателот, премиерот и спикерот би земале плата од над 2 илјади евра. По нив се првиот човек на Уставниот суд и потпреседателите на Владата и на Собранието кои би добиле некоја илјадарка помалку.

Министерот Битиќи не бил запознаен со ваквата одлука на Уставниот суд, но вели секако ќе се почитувала.

„Секако, не можеме никого да не почитува одлука на Уставниот суд, јас сум еден од тие кој се залага дека владеењето на право е неприкосновено“ вели Битиќи – Вицепремиер за економски прашања.

Алфа праша и во Владата дали во буџетот има доволно пари за оваа намена, но оттаму до овој момент нема одговор.